ПРВ.мк
Свет

Макрон го откри името на новиот француски џин: „Слободна Франција“ ќе плови како симбол на отпорот

Макрон го откри името на новиот француски џин: „Слободна Франција“ ќе плови како симбол на отпорот
Kristal

Францускиот претседател Емануел Макрон објави дека новиот носач на авиони од идната генерација ќе го носи името „Слободна Франција“, со што Франција испраќа силна историска и државничка порака поврзана со наследството на Шарл де Гол и отпорот за време на Втората светска војна.

Новиот воен брод е планирано да влезе во служба во 2038 година, кога ќе го замени сегашниот носач на авиони „Шарл де Гол“, кој во моментов е единствениот ваков пловен објект во француската морнарица.

Макрон ја соопшти одлуката при посетата на Ендр, во близина на Нант, каде што ќе се изработуваат клучни делови за нуклеарниот погон на новиот брод. Според него, изборот на името не е случаен, туку директно се надоврзува на одлуките и симболиката што Де Гол ги постави во јуни 1940 година, во еден од најтешките моменти за Франција.

Францускиот претседател порача дека духот на Франција е дух на отпор, истрајност и борба, нагласувајќи дека новиот проект има големо стратешко значење за иднината на земјата и нејзината воена моќ на море.

Со ова име, Париз сака новиот носач на авиони да не биде само воен брод, туку и силен национален симбол на издржливост, независност и историска гордост.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo