ПРВ.мк
Македонија

Кочани не го заборава својот херој: Биста за Иле Гоцевски пред Итната помош

Кочани не го заборава својот херој: Биста за Иле Гоцевски пред Итната помош
Kristal

Во дворот на Општата болница со проширена дејност во Кочани денеска беше откриена биста на Иле Гоцевски, возачот на Итната медицинска помош, кој почина на 16 март по исклучително тежок и исцрпувачки работен ден по трагедијата во „Пулс“.

Бистата е поставена пред влезот на службата за Итна медицинска помош, како знак на почит кон човекот кого многумина го паметат како симбол на пожртвуваност, хуманост и тивка храброст.

Според сведоштва, Гоцевски тој ден работел повеќе од 20 часа и извршил 11 превози на повредени лица кон Штип и Скопје. По напорната смена, се вратил дома за да се одмори, но не се разбудил. Неговата смрт ја потресе јавноста, особено поради околностите во кои се случи – веднаш по ден исполнет со спасување човечки животи.

Тогашниот министер за здравство Арбен Таравари тогаш порача дека Иле Гоцевски не бил само возач, туку спасител, човек кој ги ставил туѓите животи пред својот. Неговата жртва, како што беше истакнато, не смее да биде заборавена.

Гоцевски остана запаметен како единствениот здравствен работник кој почина од директните последици поврзани со трагедијата. Со поставувањето на бистата, Кочани испрати силна порака дека делата на ваквите луѓе не минуваат незабележано и дека нивната пожртвуваност ќе остане трајно врежана во колективната меморија.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo