Русија испрати остар и саркастичен одговор до генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, откако тој во интервју предупреди на можен заеднички напад на Русија и Кина врз Западот.
Дмитриј Медведев, заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност, го исмеа Руте на својот профил на „Икс“, нарекувајќи го „наредник“ и обвинувајќи го дека „проголтал магични печурки“ – алудирајќи на познатите холандски халуциногени.
„Го гледа заговорот меѓу Русија и Кина околу Тајван и замислува напад врз Европа“, напиша Медведев, отфрлајќи ги изјавите на Руте како апсурдни. Но, додаде иронична порака: „Во едно е во право – нека учи руски, ќе му треба во некој логор во Сибир“.
Руте претходно изјави за „Њујорк Тајмс“ дека ако Кина нападне Тајван, Русија може да го искористи моментот за напад врз некоја членка на НАТО и така да го одвлече вниманието на САД. Затоа, според него, е неопходно земјите на Алијансата да ги зголемат одбранбените буџети до 5% од БДП до 2035 година, „за да не мораме сите да учиме руски“.
Коментарите на Медведев се последна во низата остри реторички пресметки меѓу Русија и Западот, во време на засилени тензии поради Украина, Тајван и геополитичките сојузништва.
Ask ChatGPT