ПРВ.мк
Свет

Москва под опсада: Срушени 142 дрона – хаос на аеродромите, напади во 10 региони

Москва под опсада: Срушени 142 дрона – хаос на аеродромите, напади во 10 региони
Escape

Руското Министерство за одбрана соопшти дека руската противвоздушна одбрана ноќеска срушила вкупно 142 украински дрона, од кои 27 биле забележани над Московската област. Според информациите, нападите биле координирани и насочени кон околу десет различни региони во европскиот дел на Русија, со особено интензивни напади врз пограничните региони Брјанск и Курск, кои се веднаш до Украина.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, информираше дека четири дрона кои се движеле кон главниот град биле успешно пресретнати во неделата наутро. Нападите предизвикале сериозни нарушувања во воздушниот сообраќај. Според Росавијација, четири големи московски аеродроми – Шереметјево, Внуково, Домодедово и Жуковски – биле директно погодени од заканата, што резултирало со пренасочување на 134 лета.

До 10 часот по московско време, две аеродроми – Внуково и Грабцево (во Калушка област) – останале затворени за сообраќај.

Украинските претставници потврдија дека ваквите напади се дел од нивната стратегија за ослабување на руската воена логистика и комуникациски линии. Според Киев, целта не е предизвикување штета врз руското цивилно население, туку фокусирање на стратешки цели. Од украинска страна порачуваат дека штетата што Русија ја доживува од овие дрон-напади е далеку помала во споредба со уништувањето и жртвите кои Москва ги предизвикува секојдневно врз цивилите во Украина.

Mia Home Mavrovo