Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху (75) ноќеска се соочил со симптоми на труење со храна, поради што бил прегледан од лекар во неговиот дом.
Според официјалното соопштение, неговата здравствена состојба е стабилна, но тој ќе остане на тридневен одмор и ќе продолжи да ги извршува обврските од дома.
Во последните години, Нетанјаху неколку пати бил хоспитализиран – минатата година помина низ операција на простата и хернија, а во 2023 му беше вграден срцев пејсмејкер.