ПРВ.мк
Свет

Вонредна состојва: Полска крена борбени авиони поради Руси на небото до границата

Вонредна состојва: Полска крена борбени авиони поради Руси на небото до границата
Escape

Полската армија ноќеска подигна борбени авиони поради засилена руска воздушна активност во близина на границата со Украина, соопшти Оперативната команда на вооружените сили.

Во акцијата учествувале и сојузнички воздухопловни сили, а системите за радарско следење и противвоздушна одбрана биле ставени во состојба на зголемена готовност.

Од Варшава велат дека се преземени сите потребни мерки за да се гарантира безбедноста на источната граница, додека Москва тврди дека нивните летови се во рамки на меѓународното право.

Полска веќе некое време го засилува воздушниот надзор поради честите руски активности над западна Украина.

Mia Home Mavrovo