ПРВ.мк
Македонија

Херој од срце: Антонио истрча 600 км до Острог за болните деца и за мајка си – „Секој чекор беше љубов“

Херој од срце: Антонио истрча 600 км до Острог за болните деца и за мајка си – „Секој чекор беше љубов“
Escape

Македонецот Антонио Пандовски оствари нешто неверојатно – истрча цели 600 километри од Скопје до манастирот Острог со една возвишена цел: да им помогне на болните деца и да ѝ оддаде почит на својата мајка. По 18 дена патување, Антонио пристигна во светилиштето каде што беше пречекан од волонтери и поддржувачи од Македонија, носејќи го македонското знаме високо и гордо развеано.

Во емоционалната објава на неговиот профил на Фејсбук, Антонио напиша:

„Таа веќе не е со нас, ама беше со мене во секој чекор. Мајка ми не ме држеше за рака… ама ме носеше низ секој километар. Кога ја прегрнав сестра ми, ја почувствував и неа. Толку солзи, толку тишина, толку зборови што не мораа да се изговорат. Овој момент беше победа на љубовта што таа ја вгради во мене. И денес, таму под Острог, со срце полно, само едно ми одекнуваше во глава: Успеав, мамо. Ова беше за тебе.“

Подвигот на Антонио доби поддршка и од Фондацијата „Ице Бегов“ од Гевгелија, кои објавија:

„600 километри. 18 дена. Еден човек. Илјадници срца.“

Средствата за болните деца сѐ уште се активно собираат, и оваа иницијатива стана вистинска инспирација за солидарност, љубов и човечност. Антонио покажа дека кога нешто се прави од срце – дури и најтешкиот пат може да се истрча со љубов и верба.

Mia Home Mavrovo