ПРВ.мк
Свет

Лондон повика на 50 дена интензивно вооружување на Украина за да се донесе Путин на преговарачка маса

Лондон повика на 50 дена интензивно вооружување на Украина за да се донесе Путин на преговарачка маса
Escape

Британскиот министер за одбрана Џон Хили, за време на состанокот на Контакт групата за одбрана на Украина, ја оцени ултимативната порака на американскиот претседател Доналд Трамп како „момент на максимална можност“.

Велика Британија ги повика сојузниците да спроведат 50-дневна интензивна кампања за вооружување на Украина, со цел да ја зајакнат воената поддршка и да го поттикнат Рускиот претседател Владимир Путин да преговара за прекин на огнот, пред истекот на ултиматумот на Трамп.

Минатата недела, Трамп даде рок од 50 дена на Путин за завршување на војната во Украина, најавувајќи строги санкции и масовно вооружување на Киев преку НАТО и европско финансирање.

Контакт групата за одбрана, која ја предводат Велика Британија и Германија, обединува околу 50 земји кои обезбедуваат воена помош на Украина.

„Ние треба да ја интензивираме нашата акција преку 50-дневна кампања за вооружување на Украина на бојното поле и да придонесеме Путин да се доведе на преговарачката маса“, изјави Хили.

Тој додаде дека Лондон и Берлин се договориле за соработка во испораката на ракети за воздушна одбрана.

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус информира дека двете земји ќе обезбедат 200.000 парчиња муниција за тенковите „Гепард“ што ги користи украинската армија.

Mia Home Mavrovo