Запросување на плажата во Умаг стана интернет сензација, но не поради романтиката – туку поради еден несакан гостин во позадина кој несвесно го засени моментот.
На TikTok се појави видео од Роберто кој клекнува пред девојка му, со црвен тепих, свеќи и балони – сè подготвено совршено. Таа рече „Да“, присутните аплаудираа, но тогаш – изненадување. Од морето зад нив излезе пливач и директно влезе во кадар.
Без никаков обид да се тргне, мавташе кон камерата и несвесно ја привлече сета внимa. Корисниците на TikTok се пошегуваа дека тој е „Аквамен“ или „сирената во позадина“.
Видеото собра над 11 милиони прегледи и стана еден од најсмешните романтични моменти на мрежите.
Ask ChatGPT