Постои група знаци кои, иако повредени, одново и одново веруваат во луѓето. Еве кои се тие:
Рак Чувствителни и длабоко емотивни, Раковите не се откажуваат од блиските лесно. Љубовта и врските за нив се свети, па дури и кога се повредени – простуваат, надевајќи се дека ќе биде подобро. Но токму таа лојалност често ги остава со скршено срце.
Риби Рибите простуваат не затоа што не знаат што им е направено, туку затоа што премногу сочувствуваат. Тие ги оправдуваат дури и најлошите постапки и веруваат дека секој заслужува нова шанса. Нивната добрина често ги става во позиција на искористување.
Вага Вагите мразат конфликти и се стремат кон мир. За нив, подобро е да простат отколку да изгубат некого. Во желбата да ја спасат врската, често се ставаат себеси на второ место, пречекорувајќи граници што не би требало.