Според најновите прогнози, август 2025 година ќе биде значително потопол од просекот измерен во периодот од 1993 до 2016 година. Синоптичарите предупредуваат дека температурите ќе се искачат за 2 до 3 степени над вообичаените вредности, што значи дека топлотните бранови од јули ќе продолжат и во август, со можни температури кои локално ќе надминат 40 степени, особено во регионот на Повардарието.
Овие високи температури нема да се ограничат само на Македонија, туку ќе зафатат поголем дел од Европа, каде што исто така се очекуваат интензивни топлотни бранови.
Во однос на врнежите, се предвидува дека количината на дожд ќе биде приближна на просекот за август. Сепак, повремено ќе се појавуваат нестабилности во атмосферата кои ќе донесат поројни врнежи, грмежи и засилен ветер. Овие временски услови можат да предизвикаат локални непогоди на Балканот, вклучувајќи ја и Македонија.
Со тоа, август ќе биде проследен со класични летни високи температури, но и со периодични освежувања предизвикани од развој на нестабилност и локални врнежи.