ПРВ.мк
Црна Хроника

Трагедија на албанското крајбрежје: Македонец почина по срцев удар во морето

Трагедија на албанското крајбрежје: Македонец почина по срцев удар во морето
Escape

Македонски државјанин на 66-годишна возраст трагично го загуби животот денеска во морските води кај Драч, Албанија, во близина на плажата во Каваја.

Според информациите од албанската полиција, настанот се случил околу 19 часот, кога мажот веднаш по влегувањето во морето доживеал срцев удар, по што се удавил. Иако присутни на плажата се обиделе да му помогнат, медицинската екипа што пристигнала на местото само ја констатирала неговата смрт.

Албанските медиуми јавуваат дека се работи за трагичен случај на турист кој не издржал поради здравствени причини.

Ask ChatGPT

Mia Home Mavrovo