На 30 јуни 2025 година, во еден рурален дом во Романија, се случила незамислива трагедија. Жената родила здраво девојче, тежокo 3.440 грама, кое дишело самостојно по породувањето. Наместо да повика брза помош, мајката го фрлила новороденчето живо во полскиот тоалет зад куќата.
Според извештајот од Институтот за судска медицина во Бузау, бебето се задушило од фекалната содржина која била пронајдена во неговите дишни патишта, хранопровод и желудник. Тоа потврдува дека било живо во моментот на фрлањето и умрело во страшна агонија.
Обвинителството на 17 јули поднело обвинение против жената за убиство на член од семејството, кривично дело со затвор до 20 години според романскиот закон. Судот ѝ одредил 30-дневен притвор, а истрагата продолжува.