ПРВ.мк
Македонија

Акција во Скопје: Приведени малолетници, уапсени дилери и крадци во 12 кафулиња

Акција во Скопје: Приведени малолетници, уапсени дилери и крадци во 12 кафулиња
Escape

Скопската полиција синоќа спроведе голема контрола на 12 угостителски објекти на подрачјето на Центар, во координација со Пазарниот инспекторат. Акцијата почнала околу 19 часот и траела до 2:30 изутрина, при што биле приведени 13 лица.

Меѓу приведените се четири осомничени за трговија со дрога и тешка кражба, како и шест малолетници. Според МВР, покрај ова биле евидентирани и прекршувања поврзани со лични карти, возила, оружје и сообраќајна безбедност.

Полицијата спровела 26 проверки на идентитет, 23 прегледи на лица и 11 на возила, од кои седум биле подигнати со „пајак“. Паралелно, единицата за недозволена трговија легитимирала 22 лица и привела две за проверка на идентитет.

Ask ChatGPT

Mia Home Mavrovo