Во ноќен напад што траеше со часови, руските сили извршија масовен удар со беспилотни летала и ракети врз Киев и други региони низ Украина. Нападот започнал нешто пред полноќ на 20 јули и ја ставил цела земја под воздушна тревога до раните утрински часови.
Во главниот град Киев, експлозиите предизвикале пожари во станбени згради и градинки, а чадот навлегол дури и во метро станиците, каде граѓаните барале засолниште. Едно лице загина, а две се повредени, според градоначалникот Виталиј Кличко и воените власти.
Во Днепровската област биле уништени киосци и образовни установи, а во Ивано-Франкивск нападот оштетил неколку села. Градоначалникот Марцинкив го нарече нападот најголем од почетокот на инвазијата.
Овој жесток напад следи само неколку дена откако украинскиот претседател Володимир Зеленски ја повика Русија на нова рунда мировни преговори во Турција и најави продолжување на преговорите за размена на заробеници. Сепак, Русија очигледно го интензивира нападите, насочувајќи ги кон цивилни цели далеку од фронтот. Сѐ погласни се повиците од украинските сојузници за зголемена воена и дипломатска поддршка.