Брачна двојка од Самтенс, Германија, стана жртва на сложена банкарска измама и загуби речиси 160.000 евра. Сè започнало кога 69-годишната жена добила телефонски повик од број кој изгледал како официјален број на нејзината банка. Лицето на другата страна се претставило како вработен во банката и ја предупредил за наводни неправилности на нејзината сметка.
Уверена дека зборува со вистински банкар, жената му ги дала своите пристапни податоци и TAN-кодови. Потоа измамниците ѝ испратиле QR-кодови преку апликација за пораки за генерирање дополнителни TAN-кодови, со што добиле целосен пристап до нејзината сметка. Следниот ден, иако жената забележала сомнителни трансакции и ги блокирала сметките, парите веќе биле повлечени.
Германската полиција предупредува дека станува збор за „spoofing“ измама, каде што лажните броеви создаваат впечаток на легитимни повици од банки. Тие апелираат никогаш да не се споделуваат лични податоци, лозинки или TAN-кодови преку телефон, дури и ако повикот изгледа убедливо.
Властите потсетуваат дека вистинските банки никогаш не бараат вакви информации по телефон или пораки и го истражуваат случајот.