ПРВ.мк
Македонија

Мртва пијана падна од мопед во Охрид – кога дојде полиција, заврши во ќелија!

Мртва пијана падна од мопед во Охрид – кога дојде полиција, заврши во ќелија!
Escape

Во раните утрински часови на 21 јули, полицијата во Охрид уапси 44-годишна жена откако управувајќи мопед во алкохолизирана состојба паднала на улицата „Гоце Делчев“ и се здобила со телесни повреди.

Кога пристигнале полициските службеници од СВР Охрид, жената – идентификувана како М.М. – покажала агресивно однесување кон нив. Алкотестот покажал дека имала дури 2,23 промили алкохол во крвта.

Наместо дома, ноќта ја поминала зад решетки. По целосно расчистување на случајот, против неа ќе биде поднесена кривична пријава.

Mia Home Mavrovo