ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) Ужасна несреќа во Германија: Автомобил удри дете на трамполина и заврши на покрив, шест лица повредени

(ВИДЕО) Ужасна несреќа во Германија: Автомобил удри дете на трамполина и заврши на покрив, шест лица повредени
Escape

Во германскиот град Бомте се случи сериозна сообраќајна несреќа кога автомобил излета од патот и заврши на покривот од шталата, при што шест лица се повредени. Според полицијата, возилото вчера околу 20 часот излетало од патот во населбата Оснабрик, удрило во паркиран автомобил, пробило жива ограда и влегло во градината на соседна куќа, која се наоѓала околу 1,5 метри пониско.

Возилото удрило и во трамполина каде се наоѓало дете, кое е едно од четирите повредени деца во инцидентот. Полицијата објасни дека автомобилот веројатно бил фрлен во воздух од нерамниот терен и завршил на покривот на штала висока околу три метри.

Соседите сведочат за силниот тресок и шокот од несреќата, а мајката на седумгодишното дете беше во паника и врескаше по настанот. Итната помош веднаш беше повикана на лице место.

ВИДЕО

Mia Home Mavrovo