ПРВ.мк
Балкан

Температурен шок во Грција – Ќе „гори“ земјата!

Температурен шок во Грција – Ќе „гори“ земјата!
Escape

Грција од утре влегува во опасен топлотен бран кој ќе трае најмалку до петок, со температури кои на места ќе надминат 44°C. Националната метеоролошка служба предупредува дека ова е еден од најжешките периоди досега.

Виновникот за пеколното време се екстремно топлите воздушни маси кои доаѓаат директно од Африка, а ќе го зафатат и поширокиот регион на Балканот. Според прогнозите, температурите ќе бидат дури 10 степени повисоки од просекот за овој период (1991–2020).

Жителите и туристите се повикуваат на голема претпазливост, да избегнуваат директно изложување на сонце, да пијат многу течности и да се штитат од жештината, бидејќи опасноста од топлотен удар и пожари е зголемена.

Mia Home Mavrovo