Трилатералните преговори меѓу Русија, САД и Украина, според Москва, во моментов немаат смисла. Помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков, изјави дека продолжувањето на дијалогот „не би било целисходно“ додека украинските сили не се повлечат од делот од Донбас што го контролираат.
„Додека украинските сили не се повлечат од овие територии, продолжувањето на ваквите преговори нема смисла,“ нагласи Ушаков, пренесуваат регионалните медиуми.
Русија и претходно инсистираше дека секој сериозен договор мора да ја земе предвид реалната состојба на фронтот и резултатите од т.н. Специјална воена операција. Со оваа изјава, Москва уште еднаш ја потврди својата позиција дека воената динамика на теренот е клучна за иднината на преговорите.
Овој став доаѓа во време кога меѓународната заедница се обидува да најде пат кон деескалација, но сигналите од Кремљ укажуваат дека условите за дијалог остануваат строги и врзани за конкретни воени резултати.







