ПРВ.мк
Свет

Меланија му прати писмо на Путин – од Кремљ стигна одговор: Тајна дипломатија за судбината на децата!

Меланија му прати писмо на Путин – од Кремљ стигна одговор: Тајна дипломатија за судбината на децата!
Kristal

Првата дама на Соединетите Американски Држави, Меланија Трамп, откри дека рускиот претседател Владимир Путин лично ѝ одговорил на приватно писмо кое таа му го испратила, поврзано со едно од најчувствителните хуманитарни прашања од војната – повторното обединување на украинските и руските деца со нивните семејства.

Во ексклузивно интервју за „Фокс њуз“, Меланија потврди дека комуникацијата не застанала само на едно писмо, туку дека постои активен дипломатски канал меѓу нејзиниот тим и руската страна.

„Да, тој одговори. Добив писмо од него. Мојот претставник е во постојан контакт со руските власти и продолжуваме интензивно да работиме на процесот за повторно обединување на децата“, изјави таа.

Според неа, ова прашање има длабоко лично значење и не смее да биде заложник на политиката. Меланија нагласува дека фокусот мора да остане на хуманитарниот аспект и на страдањето на најранливите – децата кои со месеци, па и години, се разделени од своите родители.

Иако содржината на разменетите писма не е целосно објавена, самата потврда за директна комуникација меѓу Белата куќа и Кремљ се смета за значаен сигнал. Таа укажува дека, и покрај длабоките политички тензии, постои простор за соработка кога станува збор за човечки судбини.

Од кабинетот на Меланија Трамп информираат дека процесот за враќање на децата е сложен и бара внимателна дипломатија, правна координација и логистичка поддршка, но дека напорите продолжуваат со зголемен интензитет.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo