ПРВ.мк
Балкан

„СÈ БЕШЕ ИСПРСКАНО СО КРВ“ – Страшен напад пред трговски центар ја шокираше јавноста!

„СÈ БЕШЕ ИСПРСКАНО СО КРВ“ – Страшен напад пред трговски центар ја шокираше јавноста!
Kristal

Вистинска драма се одвиваше околу 20 часот пред влезот на трговскиот центар „Ушче“ во Белград, кога млад маж беше брутално претепан по физичка пресметка што ги вознемири бројните минувачи.

Според првичните, неофицијални информации, нападот бил извршен од друг млад човек кој, наводно, претходно го следел и му се заканувал на повредениот. Нападот се случил ненадејно, пред самиот влез на трговскиот центар, каде што имало голем број луѓе.

И покрај тешките повреди и крвавото лице, повредениот младиќ успеал да втрча во внатрешноста на трговскиот центар, каде што веднаш реагирало обезбедувањето и му укажало прва помош до пристигнувањето на Итната медицинска служба.

Очевидци сведочат дека просторот пред главниот влез, како и дел од приземјето во трговскиот центар, биле испрскани со крв, што предизвикало паника и шок кај посетителите. Околу повредениот се собрале неколку девојки, видно вознемирени и во солзи.

Младичот бил пренесен во Ургентниот центар со тешки телесни повреди, но засега нема официјални информации за неговата здравствена состојба. Не е потврдено ниту дали напаѓачот е пронајден и приведен.

Полицијата е известена за инцидентот и спроведува истрага за утврдување на сите околности кои довеле до овој вознемирувачки напад.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo