ПРВ.мк
Свет

ЛЕКОВИТЕ ЗА СЛАБЕЕЊЕ ПОД ЛУПА: Над 100 смртни случаи и 150.000 пријавени несакани ефекти - еве кои лек го крена светот на нозе!

ЛЕКОВИТЕ ЗА СЛАБЕЕЊЕ ПОД ЛУПА: Над 100 смртни случаи и 150.000 пријавени несакани ефекти - еве кои лек го крена светот на нозе!

Анализата на британскиот весник „The Times“, базирана на официјални податоци од Агенцијата за лекови и здравствени производи на Велика Британија (MHRA), покажува дека со популарните лекови за слабеење се поврзуваат околу 150.000 пријави за несакани реакции и повеќе од 100 смртни исходи.

Најголем број пријави се регистрирани за лекот Mounjaro (тирзепатид) – вкупно 100.810 пријави, од кои 10.434 сериозни и 98 со смртен исход. За Wegovy (семаглутид) има 44.073 пријави (4.892 сериозни и 37 смртни случаи), додека кај Saxenda (лираглутид) се евидентирани 3.021 пријава (734 сериозни и 18 смртни исходи). Податоците се собираат преку системот „Yellow Card“, но од MHRA нагласуваат дека пријавените случаи не значат директна каузалност, бидејќи смртта може да биде поврзана и со други претходни заболувања, а еден пациент може да поднесе и повеќе пријави.

Најчести несакани ефекти се гастроинтестиналните проблеми, а поради зголемениот број случаи на акутен панкреатитис, во јануари годинава беа ажурирани и посебни предупредувања. Главната службеничка за безбедност на MHRA, д-р Алисон Кејв, нагласува дека за огромното мнозинство пациенти овие терапии се безбедни и ефикасни, но советува итна медицинска помош при појава на силна и постојана стомачна болка. Во меѓувреме, во САД се поднесени околу 4.400 тужби против производителите „Novo Nordisk“ и „Eli Lilly“ поради сериозни здравствени компликации, а експертите апелираат овие лекови да се користат исклучиво по лекарски надзор.