ПРВ.мк
Свет

Крвав масакр: Малолетник усмрти наставници, па си го одзеде животот

Крвав масакр: Малолетник усмрти наставници, па си го одзеде животот

Тајланд е потресен од тежок вооружен напад во училиште во близина на Бангкок, извршен од 14-годишен ученик, кој претходно ги убил своите баба и дедо во нивниот дом.

Според информациите од тајландските власти, малолетникот по семејната трагедија се упатил кон училиштето, каде што отворил оган. Во нападот загинале осум лица, меѓу кои пет наставници, а најмалку 15 лица се повредени. Двајца од повредените се наоѓаат во критична состојба.

По нападот, напаѓачот си го одзел животот. Истрагата покажала дека оружјето што го користел, пиштол од девет милиметри, му припаѓало на неговиот дедо.

Надлежните институции продолжуваат да ги утврдуваат сите околности поврзани со трагичниот настан, кој предизвика шок и жал низ цел Тајланд.