ПРВ.мк
Свет

Криптопазарот повторно зоврива: Биткоинот над 80.000 долари

Криптопазарот повторно зоврива: Биткоинот над 80.000 долари

Биткоинот повторно ја проби границата од 80.000 долари, продолжувајќи го силниот раст од изминатите денови. Најголемата светска криптовалута поскапе за повеќе од 2% и достигна цена од околу 80.500 долари.

Новиот скок доаѓа по исклучително силната мината недела, кога биткоинот за само три дена порасна за повеќе од 20%, што претставува негов најголем тридневен раст од 2023 година.

Еден од факторите што дополнително го забрза растот беше масовното затворање на позиции на инвеститори кои очекуваа пад на цената. Со наглото поскапување биле ликвидирани повеќе од 4 милијарди долари такви позиции.

Дополнителен поттик дојде од американските финансиски пазари, откако Министерството за финансии на САД најави зголемено купување долгорочни државни обврзници. Намалувањето на приносите повторно го зголеми интересот на инвеститорите за поризични средства, меѓу кои и криптовалутите.

Значително се зголемила и институционалната побарувачка. Американските спот биткоин ETF фондови минатата недела забележале нето-прилив од 1,92 милијарди долари, што е нивниот најголем неделен прилив од октомври.