ПРВ.мк
Свет

(ФОТО) „Крадците имале вкус“ ова е накитот украден од Лувр со вредност над 88 милиони долари

(ФОТО) „Крадците имале вкус“ ова е накитот украден од Лувр со вредност над 88 милиони долари

Грабеж каков што Париз не памети ја потресе уметничката сцена – легендарниот музеј Лувр беше мета на група добро организирани крадци кои во сред бел ден упаднаа со електрични алати и избегаа на скутери, носејќи со себе осум исклучително вредни парчиња накит.

По неколку дена затворање, музејот повторно ги отвори вратите за посетители, но Европа сè уште зборува за овој неверојатен случај кој ја стави под прашање безбедноста на најпознатиот музеј во светот.

Фотографии од украдените предмети веќе кружат на интернет и откриваат ѓердани, круни, обетки и други уникатни парчиња со непроценлива историска и уметничка вредност. Дел од јавноста иронично коментира дека „крадците имале вкус“, бидејќи точно знаеле кои дела да ги земат.

Според експертите, продажбата на овие предмети во оригинална форма е речиси невозможна. Најверојатно, накитот ќе биде растопен или ќе се преработи за да се сокријат трагите.

Две парчиња накит веќе се пронајдени во близина на местото на грабежот – се претпоставува дека биле испуштени во брзање при бегството. Полицијата продолжува со детална истрага во обид да ја реконструира патеката на крадците и да го пронајде остатокот од украденото богатство.

Escape