ПРВ.мк
Свет

„КИНА НЕ Е ВО ПОДОБРА СОСТОЈБА ОД САД И РУСИЈА“: Експерт открива со какви проблеми се соочува Пекинг!

„КИНА НЕ Е ВО ПОДОБРА СОСТОЈБА ОД САД И РУСИЈА“: Експерт открива со какви проблеми се соочува Пекинг!

Кина се соочува со сериозни економски предизвици и покрај впечатокот дека нејзиното глобално влијание постојано расте, предупредува историчарот и синолог Звонимир Стопиќ, кој го анализираше трилатералниот самит меѓу Си Џинпинг, Доналд Трамп и Владимир Путин во Шенжен.

Во интервју за хрватскиот портал „24сата“, Стопиќ оценува дека средбата на тројцата лидери не претставува нова поделба на светот, ниту пак донела големи геополитички промени.

„Ова не беше никаква нова Јалта. Светот повеќе не може да се прекројува на таков начин“, истакнува експертот.

На самитот лидерите усогласиле декларација со која ја потврдиле заложбата за спречување нуклеарна војна, реформи во Обединетите нации и стабилност на глобалното снабдување со енергенси.

Сепак, Стопиќ смета дека зад дипломатската слика се кријат сериозни економски проблеми, особено во Кина.

Според неговата анализа, кинеската економија се соочува со криза на пазарот на недвижности, голема задолженост на локалните власти, намалена потрошувачка и проблеми со ликвидноста.

Особено внимание привлече неговото тврдење дека пукнал кинескиот балон со вештачката интелигенција и дека 40 проценти од инвестициите во овој сектор исчезнале за една ноќ. За оваа проценка во интервјуто не се наведени дополнителни податоци.

Експертот предупредува дека економските проблеми најсилно ги чувствуваат младите, кои сè потешко наоѓаат работа.

Тој се осврна и на различниот пречек на Трамп и Путин во Кина, оценувајќи дека тоа можеби било дипломатска порака, но и обид на Пекинг да му укаже посебно внимание на американскиот претседател.

Според Стопиќ, Кина останува исклучително влијателна светска сила, но погрешно е да се претставува како држава без економски ограничувања и внатрешни проблеми.