ПРВ.мк
Магазин

ЕДЕН ДОКУМЕНТ ОТКРИ ИНТЕРЕСЕН ДЕТАЛ: Еве што работат Кејт Мидлтон и принцот Вилијам според официјалните документи!

ЕДЕН ДОКУМЕНТ ОТКРИ ИНТЕРЕСЕН ДЕТАЛ: Еве што работат Кејт Мидлтон и принцот Вилијам според официјалните документи!

Иако се меѓу најпознатите членови на британското кралско семејство, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон имаат интересно наведени занимања во официјалните документи за раѓањето на нивните деца.

Деталот привлече внимание поради изводот од матичната книга на родените на нивниот најмлад син, принцот Луис, кој е роден на 23 април 2018 година во болницата „Сент Мери“ во Лондон.

Во документот, во рубриката за занимање на родителите, Вилијам и Кејт се запишани како принц и принцеза на Обединетото Кралство.

Во изводот се наведени и нивните места на раѓање – Падингтон за Вилијам и Рединг за Кејт, додека како адреса на детето е запишана Кенсингтонската палата.

Интересно е што принцот Вилијам лично го пријавил раѓањето на синот, а потребната документација ја потпишал во палатата, каде што специјално пристигнал матичар.

Според британските прописи, родителите имаат рок од 42 дена да го пријават раѓањето на детето. Кралската двојка тоа го направила само осум дена по раѓањето на Луис.

Посебен детал е и тоа што во изводот на самиот Вилијам, издаден во 1982 година, воопшто немало рубрика за занимањето на неговата мајка, принцезата Дијана. Таквите податоци почнале да се внесуваат од 1984 година.

Кралската двојка привлекла внимание и со изборот на името на најмладиот син. Додека имињата на Џорџ и Шарлот биле објавени два дена по нивното раѓање, за Луис јавноста чекала четири дена.

Неговото целосно име е Луис Артур Чарлс, а при раѓањето ја добил титулата принц од Кембриџ.