ПРВ.мк
Магазин

ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ НА 57 ГОДИНИ ИЗГЛЕДА ФАНТАСТИЧНО: Со проѕирен фустан и длабоко деколте ги привлече сите погледи! (ФОТО)

ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ НА 57 ГОДИНИ ИЗГЛЕДА ФАНТАСТИЧНО: Со проѕирен фустан и длабоко деколте ги привлече сите погледи! (ФОТО)

Светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез повторно го привлече вниманието на јавноста со впечатливо модно издание на премиерата на нејзиниот концертен филм „The JLO Show: Live in Las Vegas“, одржана во студиото „Парамаунт“ во Лос Анџелес.

Пејачката и актерка, која има 57 години, се појави во провокативна и елегантна комбинација која веднаш предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.

За оваа пригода Џеј Ло избра проѕирен фустан од тантела со длабоко деколте, надополнет со долго здолниште со набрана ткаенина.

Особено впечатлив беше и раскошниот капут со цветни детали, крзнена јака, розова сатенска постава и долги реси, кој дополнително му даде гламурозен изглед на целиот стајлинг.

Модната комбинација ја заокружи со луксузен накит, вклучувајќи ѓердан и обетки со жолти дијаманти, големи прстени и светкава шнола во форма на цвет.

Покрај модниот избор, големо внимание привлече и нејзината физичка форма, за која пејачката редовно добива комплименти.

Во неодамнешно гостување во поткастот „Friends Keep Secrets“, Лопез откри дека со текот на годините значително го променила пристапот кон тренинзите и исхраната.

Таа објасни дека поради природното намалување на мускулната маса започнала повеќе да се посветува на тренинзи со тежини.

Големата промена во нејзината фитнес-рутина започнала пред речиси десет години, за време на подготовките за филмот „Hustlers“.

Џенифер Лопез и понатаму важи за една од најпрепознатливите музички и модни ѕвезди, а нејзините јавни појавувања редовно привлекуваат големо внимание.