ПРВ.мк
Свет

САТЕЛИТСКИ СНИМКИ ОТКРИЈА ШТО ГО РАЗБЕСНИ ПУТИН: Следуваше жестока руска одмазда врз Украина!

САТЕЛИТСКИ СНИМКИ ОТКРИЈА ШТО ГО РАЗБЕСНИ ПУТИН: Следуваше жестока руска одмазда врз Украина!

Нови сателитски снимки покажуваат значителни оштетувања на Кримскиот мост, кој ја поврзува Русија со окупираниот полуостров Крим, по украински напад извршен претходно оваа недела.

Според објавените информации, во нападот бил уништен дел од патната конструкција на мостот, кој претставува една од најважните логистички врски за снабдување на руските сили во Украина.

Кримскиот мост, кој рускиот претседател Владимир Путин свечено го отвори во 2018 година, има огромно стратешко и симболично значење за Москва.

Нападот е дел од пошироката украинска кампања насочена кон прекинување на руските линии за снабдување на јужниот и источниот фронт.

Во изминатите месеци украинските сили извршиле повеќе напади врз танкери што доставувале гориво на Крим, како и врз енергетската инфраструктура на полуостровот.

Овие операции, според извештаите, предизвикале проблеми во снабдувањето со гориво и дополнително го зголемиле притисокот врз руските сили.

По нападот врз мостот, Путин најавил одмазда, а Русија во ноќта кон 20 ноември започнала масовни напади со ракети и беспилотни летала врз Украина.

На удар биле Киев и повеќе украински региони.

Во операцијата, според објавените информации, биле вклучени и стратешки бомбардери Ту-160, кои полетале од воздухопловната база Украинка на рускиот Далечен Исток.

Овие авиони имаат голем дострел и можат да носат конвенционално и нуклеарно вооружување, иако нивното учество во нападот не значи дека било употребено нуклеарно оружје.

Нападот врз Кримскиот мост се случил непосредно пред најавената средба на Путин со американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот лидер Си Џинпинг.

Новата ескалација дополнително ја усложнува ситуацијата на фронтот и ги зголемува неизвесностите околу можноста за дипломатско решение на војната.