ПРВ.мк
Свет

ХОРОР ВО ВОЗ ВО РУСИЈА: Затвореник му го зел оружјето на чуварот, едно лице го загуби животот - еве колку се повредени!

ХОРОР ВО ВОЗ ВО РУСИЈА: Затвореник му го зел оружјето на чуварот, едно лице го загуби животот - еве колку се повредени!

Еден затвореник денеска нападнал затворски чувар во воз во руската република Кабардино-Балкарија, при што одзел службено оружје и пукал кон обезбедувањето. Во инцидентот еден чувар загинал, а тројца биле ранети, соопшти руската Федерална затворска служба (ФСИН).

Според официјалните информации, инцидентот се случил додека затворениците биле спроведувани со воз во близина на станицата Муртазово.

Еден од затворениците, додека бил одведуван во тоалет, го нападнал чуварот и му го одзел службеното оружје.

При нападот, еден припадник на затворското обезбедување го загубил животот, додека тројца други биле повредени.

Напаѓачот потоа бил совладан од обезбедувањето на возот. Според ФСИН, при инцидентот немало цивилни жртви.

На местото на настанот пристигнале надлежните служби, а истрагата за околностите на инцидентот е во тек.

Претходно, неколку медиуми објавија дека во возот дошло до бунт на затвореници, но руските надлежни служби ги демантирале тие информации. Според нивната верзија, станувало збор за напад врз затворски чувар, а не за организирана побуна.

Случајот се истражува, а надлежните органи треба да ги утврдат сите околности под кои затвореникот успеал да му го одземе оружјето на чуварот.

Најнови вести