ПРВ.мк
Република

ГОЛЕМА ПРОМЕНА ЗА ЈУГОИСТОКОТ: Експресен пат ќе ги поврзе овие македонски градови со Бугарија - еве кога треба да биде завршен!

ГОЛЕМА ПРОМЕНА ЗА ЈУГОИСТОКОТ: Експресен пат ќе ги поврзе овие македонски градови со Бугарија - еве кога треба да биде завршен!

Јавното претпријатие за државни патишта започна постапка за подготовка на документацијата за изградба на нов експресен пат што ќе ги поврзува Радовиш, Струмица и Ново Село со граничниот премин кон Бугарија.

Во првата фаза ќе биде избрана проектантска и консултантска компанија која треба да изработи техничка документација, физибилити студија и еколошки и социјални анализи. Откако документацијата ќе биде завршена и одобрена, ќе може да се распише тендер за избор на компанија што ќе ја изведува изградбата.

Новиот пат треба да претставува продолжение на веќе изградениот експресен пат од Штип до Радовиш. Планот е трасата да продолжи преку Струмица и Ново Село и директно да стигне до македонско-бугарската граница.

Изградбата, според најавите, ќе се финансира со сопствени средства на Јавното претпријатие за државни патишта.

Паралелно со патната инфраструктура, во струмичкиот регион се планираат и други проекти, меѓу кои изградба на систем за атмосферска канализација во Просениково, вреден 46,6 милиони денари.