ПРВ.мк
Македонија

(ФОТО) ВО ЧЕСТ НА ЗАГИНАТИТЕ БРАНИТЕЛИ: „Нивните имиња се дел од историјата на Македонија“ - еве како изгледаше турнирот!

(ФОТО) ВО ЧЕСТ НА ЗАГИНАТИТЕ БРАНИТЕЛИ: „Нивните имиња се дел од историјата на Македонија“ - еве како изгледаше турнирот!

а, мирот и безбедноста на граѓаните.

Јанев порача дека одбележувањето не претставува само продолжување на традицијата, туку и обврска на сегашните генерации да се сеќаваат на оние кои ја носеле униформата и својата должност ја извршувале до највисоката лична жртва.

Тој посочи дека загинатите бранители биле нечии колеги, пријатели, браќа, сопрузи, татковци и синови и дека нивните имиња не треба да останат само дел од историјата на безбедносните структури, туку и од пошироката историја на државата.

Посебен акцент директорот на БЈБ стави на обврската споменот за загинатите да се пренесува и на идните генерации. Според него, слободата, мирот и безбедноста не треба да се подразбираат, туку треба да се вреднуваат и да се чуваат.

Јанев упати порака и до семејствата на загинатите, нагласувајќи дека институциите имаат обврска да покажат почит кон нивните најблиски и да не дозволат жртвата на бранителите да биде заборавена.

На меморијалниот настан се обрати и министерот за одбрана Владо Мисајловски, кој истакна дека споменот за оние кои го дале својот живот за татковината мора да се зачува и да се пренесува на генерациите што доаѓаат.

Мисајловски повика на единство и порача дека хероите не смеат да бидат заборавени. Тој изрази благодарност до припадниците на Армијата и до сите оние кои ја носат униформата и секојдневно ги извршуваат своите задачи во служба на државата.

Министерот нагласи дека Министерството за одбрана ќе продолжи да им дава поддршка на ваквите активности и да покажува почит кон загинатите припадници и нивните семејства.

Меморијалниот турнир „Загинати бранители 2001–2015“ веќе 24 години претставува начин преку спортот да се зачува сеќавањето на загинатите припадници на безбедносните сили. Воедно, настанот претставува можност нивните колеги, семејства и пријатели повторно да се соберат и заеднички да им оддадат почит.

На крајот од обраќањето, директорот Јанев упати благодарност до Здружението „Херои на Македонија 2001–2015“, Министерството за внатрешни работи и до сите останати кои со години учествуваат во организацијата и одржувањето на оваа традиција.

Тој порача дека сеќавањето на загинатите бранители се одржува преку почитта и благодарноста на оние кои останале зад нив, како и преку пренесувањето на нивната приказна на идните генерации.