ПРВ.мк
Свет

ТРЕВОГА ВО МОЛДАВИЈА: Експлозии и остатоци од дронови пронајдени на повеќе локации - еве која држава е вмешана!

ТРЕВОГА ВО МОЛДАВИЈА: Експлозии и остатоци од дронови пронајдени на повеќе локации - еве која држава е вмешана!

Повеќе беспилотни летала утринава го нарушиле воздушниот простор на Молдавија, по што во неколку делови од земјата биле регистрирани детонации и пронајдени остатоци од дронови. Молдавските власти соопштија дека засега нема информации за повредени граѓани, но апелираа населението да не се приближува до деловите од паднатите летала.

Националниот систем за воздушен надзор регистрирал повеќе упади во близина на Анениј Ној, Штефан Вода, Тудора и Каушени. Министерството за одбрана на Молдавија потврдило дека радарските системи забележале летала кои нелегално ја преминале државната граница.

По нивното прелетување, жители од повеќе региони пријавиле силни детонации, главно во области надвор од населените места. Полициски и други надлежни екипи биле испратени на терен за да ги проверат пријавите и да утврдат што точно се случило.

Една од локациите на која било интервенирано се наоѓала во близина на Каушени. Таму, по пријава за експлозија и појава на густ чад, полициските екипи пронашле метални делови за кои се сомнева дека потекнуваат од урнато беспилотно летало.

Остатоци од конструкции на дронови биле пронајдени и на други локации. Такви делови биле регистрирани во близина на Дубовка и Хинчешти, како и на потегот меѓу селата Делакау и Пухачени. Полицијата започнала истрага со цел да се утврди потеклото на леталата, нивниот тип и околностите под кои навлегле во молдавскиот воздушен простор.

Најсериозен инцидент бил регистриран во атарот на селото Крокмаз, во округот Штефан Вода, во близина на југоисточната граница на земјата. Таму едно од беспилотните летала паднало во предел со сува трева и ниска вегетација, при што избил пожар во лозарски насад.

По падот на леталото и експлозијата, ударниот бран предизвикал материјална штета на близок земјоделски објект, при што биле скршени дел од прозорците. На местото веднаш интервенирале противпожарните екипи, кои успеале да го локализираат огнот и да спречат негово понатамошно ширење.

Надлежните служби потврдиле дека во овој инцидент нема повредени или загинати лица. Во меѓувреме, специјализирани тимови вршат увид на сите локации каде што биле пронајдени остатоци, а истрагата треба да даде повеќе информации за потеклото и карактеристиките на беспилотните летала.

Полицијата повторно ги повика граѓаните да не ги допираат или преместуваат пронајдените остатоци од дронови, туку веднаш да ги известат надлежните служби, поради можноста тие да претставуваат опасност.