ПРВ.мк
Свет

(Видео) Хорор на отворено море: Китови-убијци потопија јахта

(Видео) Хорор на отворено море: Китови-убијци потопија јахта

Драматична сцена на отворено море ја потресе јавноста – семејство со три деца едвај ја преживеа ноќната голгота во Атлантскиот океан, откако нивната едрилица била нападната и потопена од јато китови-убијци. Инцидентот се случил на околу 88 километри од брегот на Португалија, во област каде последниве години мистериозно се зголемува бројот на вакви напади.

Едрилицата „Ti’fare“ пловела мирно кон португалското крајбрежје кога орките започнале да удираат во трупот со неверојатна сила. Ударите биле толку моќни што за неколку минути предизвикале продор на вода и целосно оштетување на кормилото. Родителите, свесни дека нивниот брод тоне, веднаш испратиле СОС сигнал и заедно со децата – на возраст од 8, 10 и 12 години – се префрлиле во чамец за спасување.

На повикот најпрво одговорил рибарскиот брод „Силмар“, кој успеал да го пронајде семејството и да ги извлече на палуба, додека околу нив сè уште се гледале перките на орките. Потоа, португалското воено воздухопловство испратило хеликоптер и во координирана воздушно-морска акција ги пренело преживеаните на безбедно.

Среќна околност е што никој не бил повреден, но траумата што ја доживеале е огромна. Нивната едрилица потонала за помалку од половина час, оставајќи ги без ништо освен спасувачкиот чамец и неколку торби.

Научниците велат дека ова не е изолиран случај – напротив, слични напади на орки се случуваат сè почесто во водите околу Шпанија и Португалија. Причината сè уште не е целосно разјаснета. Најприфатената теорија е дека не се работи за чиста агресија, туку за научено однесување што можеби започнало како игра или како одбранбен одговор на една орка што некогаш доживеала траума од брод.

Сепак, резултатот е ист – секое патување низ тие води станува потенцијално опасна авантура. Последниот инцидент е само нов потсетник дека природата знае да возврати, а човекот не секогаш е господар на морето.

Видео:

Escape