ПРВ.мк
Свет

Југот на Италија во вонредна состојба – пожар на Везув и ерупција на Етна

Југот на Италија во вонредна состојба – пожар на Везув и ерупција на Етна

На југот на Италија владее вонредна состојба – пожарникарите се борат со голем пожар на падините на вулканот Везув, додека на Сицилија повторно еруптираше Етна.

Пожарот кај Везув избувнал во петокот, а до денеска ангажирани се дванаесет екипи на пожарникари и шест авиони „Канадер“ за гаснење од воздух. Поради опасноста, сите планински патеки во Националниот парк Везув се затворени до понатамошно известување.

Од паркот предупредуваат дека мерката е преземена „од безбедносни причини и за олеснување на операциите за гаснење и чистење на погодените области“. Минатата година, кратерот на Везув го посетиле околу 620.000 туристи, а чадот од пожарот овој викенд бил видлив и од античката Помпеја, која сепак останала отворена за посетители.

Во исто време, Етна на Сицилија повторно стана активна, со ерупција на височина над 3.000 метри, јавува Кориере дела Сера. Иако ваквите активности на Етна не се реткост, комбинацијата на природни сили и пожарите ја засили загриженоста на локалните власти.

Властите во Италија најавуваат дека ситуацијата ќе се следи постојано, со цел да се заштитат жителите и туристите, додека пожарникарските екипи и понатаму се борат со огнената стихија.

ВИДЕО

Escape