ПРВ.мк
Свет

ИРАН НЕ ПОПУШТА: Поставени шест услови за отворање на Ормускиот Теснец - еве што бара Иран!

ИРАН НЕ ПОПУШТА: Поставени шест услови за отворање на Ормускиот Теснец - еве што бара Иран!

Иран нема да ја дозволи нормализацијата на поморскиот сообраќај низ стратешки важниот Ормуски Теснец се додека САД целосно не ја променат својата политика кон Техеран и не исполнат шест клучни барања, порача секретарот на иранскиот Врховен совет за национална безбедност, Мохамад Багер Золгадр.

Што бара Техеран од САД?

Меѓу условите кои иранските власти ги поставуваат како услов за отворање на теснецот се:

  • Прекин на заканите насочени кон врховниот лидер на Иран.
  • Траен прекин на американските воени операции против Иран и неговите регионални сојузници.
  • Повлекување на американските поморски и воздушни сили кои учествуваат во блокадата на земјата.
  • Надомест на штетата предизвикана во неодамнешните судири.
  • Укинување на американските санкции.
  • Ослободување на замрзнатиот ирански имот.

„Врховниот совет за национална безбедност нема да се откаже од овие барања, ниту во војна ниту во преговори“, изјави Золгадр, нагласувајќи дека овие ставови ја одразуваат волјата на иранскиот народ.

Заглавени преговори и енергетска криза

Настанатата криза доаѓа во време кога преговорите за иднината на овој витален поморски премин сè уште тапкаат во место. Иако на 18 јуни САД и Иран, со посредство на Пакистан и Катар, потпишаа меморандум за разбирање чија цел беше запирање на судирите и отворање на Ормускиот Теснец во замена за прекин на американската поморска блокада, неговото спроведување заглави поради меѓусебни обвинувања за кршење на договорот.

Ормускиот Теснец претставува клучна жица куцавица за светските енергетски пазари, бидејќи низ него минува огромно количество од глобалниот извоз на нафта и природен