Иран испрати остро предупредување до земјите од Персискиот Залив, порачувајќи дека секој нов американски напад врз негова територија ќе биде проследен со одмазднички удари врз клучната енергетска инфраструктура во регионот.
Според „Ројтерс“, предупредувањето било упатено преку дипломатски контакти на високо ниво, откако американскиот претседател Доналд Трамп најави можни нови напади врз иранската енергетска мрежа.
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, разговарал со министрите за надворешни работи на Саудиска Арабија, Турција и Катар, како и со началникот на пакистанската армија, повикувајќи ги да извршат притисок врз Вашингтон за да се избегне нова воена ескалација.
Според дипломатски извори, Техеран порачал дека е подготвен да возврати доколку биде нападнат, но истовремено оценил дека дипломатското решение е единствениот начин да се спречи поширок конфликт и сериозни последици за целиот регион.









