Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека Европската Унија цврсто стои зад зачувувањето на суверенитетот на Кралството Данска и Гренланд. Таа нагласи дека ЕУ секогаш ќе ги штити своите стратешки економски и безбедносни интереси.
– Ќе одговориме на овие предизвици со смиреност и решителност, напиша фон дер Лајен на социјалната мрежа X.
Фон дер Лајен истакна дека за актуелните предизвици поврзани со Гренланд разговарала и со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Кир Стармер, германскиот канцелар Фридрих Мерц и италијанскиот премиер Џорџо Мелони.
















