Со децении, глобалниот пазар периодично сведочи на појава на „големи ветувања“ кои служат како магнет за инвестиции, а подоцна оставаат разочарани вложувачи. Од зелени енергетски проекти кои не ги исполнија очекувањата, преку електрични автомобили што и по години агресивна промоција сè уште се мал дел од сообраќајот, па сè до технолошки паники кои се покажаа како претерани – историјата е полна со скапи маркетинг илузии.
Сега, според сè погласни анализи, сличен сценарио ѝ се заканува и на вештачката интелигенција. По години ентуфоријa, огромни инвестиции и звучни ветувања дека АИ ќе го промени светот преку ноќ, многу стартапи и платформи се соочуваат со сушење на фондовите. Големите инвеститори стануваат повнимателни, а профитот што беше најавуван сè уште не се појавува во реална форма.
Како резултат, дел од АИ-компаниите веќе бараат алтернативни извори на приходи – најчесто преку рекламирање, претплати или продажба на кориснички податоци. Наместо револуционерни пробиви, фокусот сè почесто се префрла на преживување на пазарот.
Критичарите предупредуваат дека приказната околу вештачката интелигенција премногу брзо се напумпа со визии, мисии и „иднина без граници“, слично како и некои претходни глобални трендови. Прашањето што останува е дали АИ навистина ќе го исполни ветеното – или ќе заврши како уште еден пример за маркетинг-балон што пукнал со голема бучава.
















