ПРВ.мк
Свет

РЕВОЛУЦИЈА НА РАБОТНОТО ВРЕМЕ: Осумчасовниот ден оди во историја?

РЕВОЛУЦИЈА НА РАБОТНОТО ВРЕМЕ: Осумчасовниот ден оди во историја?

Германија се подготвува за една од најконтроверзните промени на пазарот на труд во последните децении. Владината коалиција предводена од конзервативците и СПД планира целосно нов модел за пресметка на работното време, со што традиционалниот осумчасовен работен ден би можел да замине во историјата.

Според најавите, наместо строго ограничување на работните часови во текот на денот, ќе се воведе систем што ќе го следи вкупниот број часови на неделно ниво. Тоа практично значи дека работниците би можеле да имаат подолги смени во одредени денови, а помалку часови во други, зависно од потребите на компаниите.

Работодавците ја поддржуваат идејата и тврдат дека сегашните правила се застарени и не одговараат на модерниот, дигитален начин на работа. Според нив, поголемата флексибилност е неопходна за германската економија да остане конкурентна, особено поради недостигот на работна сила и демографските проблеми.

Но синдикатите жестоко реагираат и предупредуваат дека реформата може да отвори врата за преголем притисок врз вработените. Тие сметаат дека со новите измени работниците ризикуваат да ги изгубат заштитите што постојат повеќе од 100 години.

Политичката битка околу законот допрва се вжештува, а конечната одлука се очекува да биде разгледувана во германскиот парламент во текот на јуни.