ПРВ.мк
Свет

Пожар беснее во близина на едно од најпознатите албански летувалишта

Пожар беснее во близина на едно од најпознатите албански летувалишта

Голем шумски пожар избувна во областа Љаман, во близина на познатото албанско туристичко место Химара, каде пламените јазици брзо се шират поради високите температури и силниот ветер.

Во гаснењето на пожарот се вклучени противпожарни екипи од неколку градови, како и припадници на полицијата и армијата, кои се обидуваат да го стават огнот под контрола и да спречат негово понатамошно ширење.

Според досегашните информации, нема пријавени повредени лица ниту, засега, се загрозени станбени објекти.

Од Националната агенција за цивилна заштита соопштија дека само во последните дваесет дена во Албанија биле регистрирани дури 170 пожари, поради што повторно упатија апел до граѓаните да бидат максимално внимателни и веднаш да пријавуваат секој забележан пожар.

Албанските власти потсетуваат дека намерното предизвикување пожари носи строги затворски казни. Во зависност од последиците и местото каде е предизвикан пожарот, казните се движат од пет до 15 години затвор, особено ако се зафатени заштитени подрачја, културни споменици или ако пожарот е подметнат со цел промена на намената на земјиштето.