Европскиот гигант за евтини летови „Рајанер“ испрати итно предупредување до сите патници дека правилата за патување стануваат поригорозни од овој ноември. Омилената авиокомпанија донесе одлука да го помести рокот за пријавување и предавање на багажот, па наместо досегашните 40 минути, шалтерите ќе се затвораат точно еден час пред полетувањето. Оваа мерка е последен обид да се спречи хаосот на аеродромите каде стотици луѓе секојдневно ги пропуштаат своите авиони заглавени во некрајни редици.
Главната причина за овој сообраќаен метеж е новиот европски Систем за влез/излез (EES), кој бара задолжителни биометриски податоци за сите патници кои доаѓаат надвор од Европската Унија. Иако од „Рајанер“ тврдат дека новите правила не се директна последица на овој систем, тие признаваат дека дополнителните гранични контроли создаваат неподносливо чекање. Неодамнешниот скандал во Милано, каде над 100 патници останаа на земја поради пасошка контрола, беше последната капка во чашата што ја натера компанијата да ги затегне протоколите.
За да го олесни процесот, авиокомпанијата планира до октомври да инсталира дигитални киосци за самопослужување на дури 95 проценти од аеродромите, со што ќе се елиминира потребата од чекање на шалтер. Иако околу 80 проценти од патниците веќе користат онлајн пријавување, оние 20 проценти кои носат куфери за предавање ќе мора да бидат многу подисциплинирани. Грција и неколку други земји веќе стравуваат од целосен колапс во текот на сезоната, па затоа „Рајанер“ порачува – дојдете на аеродром порано или гледајте како вашиот авион полетува без вас!









