ПРВ.мк
Свет

Русија предаде 1.000 тела на Украина, Киев врати 19 руски војници

Русија предаде 1.000 тела на Украина, Киев врати 19 руски војници

Русија ги предаде телата на уште 1.000 загинати војници на Украина, додека Украина вратила 19 тела на руски војници, објавија руските медиуми повикувајќи се на извори од официјални институции. „Илјада тела се предадени на Украина, а 19 на Русија“, изјавиле од изворите.

На 19 јуни, рускиот претседател Владимир Путин соопшти дека Русија претходно ги предала телата на 6.000 свои загинати војници на Украина и дека е подготвена да предаде уште околу 3.000.

Од украинска страна, беше потврдено дека Русија вратиле телата на 1.000 украински војници, од кои повеќето загинале на фронтовската линија, а дел починале во заробеништво. Овие размени претставуваат еден од ретките конкретни резултати од преговорите помеѓу двете земји.

Украинскиот центар за прашања на воени заробеници соопшти дека телата биле репатрирани и вратени во Украина, како дел од договорените мерки за размена и почитување на хуманитарните принципи.

Escape