Јапонски турист, околу 70 години, почина во Рим откако паднал кај Пантеонот, јавуваат италијанските медиуми.
Човекот не бил на самиот објект, туку на периферниот дел – кај оградениот археолошки простор што го опкружува Пантеонот. Таму има камен ѕид висок неколку метри, кој ја дели рамната површина каде минуваат туристите од понизок археолошки дел, нешто како ров.
Се претпоставува дека туристот се потпрел или се наведнал над ѕидот, изгубил рамнотежа и паднал во понизок простор длабок околу 7 метри.
Спасувачките екипи не успеале да го спасат, а пожарникарите морале насилно да ја отворат влезната порта пред Пантеонот за да стигнат до телото.
Полицијата и локалните власти беа на местото на настанот, а причината за несреќата сè уште се истражува.















