ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) „ОВА Е ШАМАР ЗА ВЕНЕЦИЈА!“ Мегајахтата на човекот на Трамп предизвика жестоки реакции и протести

(ВИДЕО) „ОВА Е ШАМАР ЗА ВЕНЕЦИЈА!“ Мегајахтата на човекот на Трамп предизвика жестоки реакции и протести

Стотици демонстранти протестираа во Венеција против пристигнувањето на американскиот амбасадор во Италија и милијардер Тилман Фертита, кој во градот пристигна со својата луксузна мегајахта долга 117 метри.

Протестот накратко ескалираше во судир со интервентната полиција, која постави кордон околу јахтата. Демонстрантите носеа транспаренти со пораки дека „Венеција не е на продажба“ и ја обвинија администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за промовирање на политика која, според нив, ги продлабочува глобалните кризи.

Фертита изјави дека го почитува правото на мирен протест и порача дека неговата посета е дел од дипломатска турнеја по повод 250-годишнината од независноста на САД.

Организаторите на протестот, пак, порачаа дека доаѓањето на милијардерот е „уште еден шамар за Венеција“, оценувајќи дека градот сè повеќе се претвора во симбол на луксуз и масовен туризам, додека локалното население се соочува со сè повисоки трошоци за живот.

Тилман Фертита е милијардер кој своето богатство го стекнал во угостителството, хотелите и казината, а е и сопственик на НБА-клубот „Хјустон Рокетс“. Неговото богатство се проценува на повеќе од 11 милијарди долари.

ВИДЕО