ПРВ.мк
Свет

Болеста што ја однесе Бони Тајлер: Еве кои се првите знаци

Болеста што  ја однесе Бони Тајлер: Еве кои се првите знаци

Почина легендарната Бони Тајлер: Лекарите предупредуваат на состојбата што може да биде смртоносна

Легендарната британска пејачка Бони Тајлер почина на 75-годишна возраст по компликации поврзани со перфорација на цревото, објавија повеќе светски медиуми. Според достапните информации, таа претходно била подложена на итна операција во Португалија, а извесен период била и во индуцирана кома.

Перфорацијата на цревото претставува исклучително сериозна медицинска состојба при која се создава отвор во ѕидот на тенкото или дебелото црево. Поради тоа, содржината од цревата може да навлезе во стомачната празнина и да предизвика тешка инфекција, воспаление на перитонеумот, сепса и откажување на органите доколку не се интервенира навреме.

Според лекарите, најчести причини за оваа состојба се дивертикулитис, воспалителни заболувања на цревата како Кронова болест и улцеративен колитис, повреди, тумори, цревна опструкција, инфекции или компликации по хируршки и медицински процедури.

Најважните симптоми кои бараат итна лекарска помош се силна и ненадејна болка во стомакот, тврд и чувствителен стомак, висока температура, гадење, повраќање, забрзано чукање на срцето, слабост, вртоглавица и збунетост.

Лекарите предупредуваат дека брзата дијагноза и хируршкиот третман се клучни за зголемување на шансите за закрепнување, па појавата на вакви симптоми не смее да се игнорира.