ПРВ.мк
Свет

Европа на нозе: Илјадници демонстранти против скапотијата, високите кирии и лошите услови за живот

Европа на нозе: Илјадници демонстранти против скапотијата, високите кирии и лошите услови за живот

Бран протести зафати повеќе европски држави, каде што илјадници граѓани излегуваат на улиците поради растечките трошоци за живот, високите цени на становите, ниските примања и незадоволството од јавните услуги.

Демонстрации се одржуваат во Франција, Шпанија, Португалија, Италија, Белгија и Албанија, а меѓу најактивните учесници се младите.

Најдраматична е ситуацијата во Франција, каде што студентските и средношколските протести против лошите услови во образованието прераснаа во пошироко општествено незадоволство.

Демонстрантите бараат подобри училишта, повеќе наставници, повисоки плати и мерки против поскапувањата. Во повеќе градови избувнаа насилни судири, беа запалени објекти и следуваа масовни апсења.

Во Шпанија главен проблем е станбената криза. Протестите дополнително се засилија по иселувањето на 87-годишна жена, на која киријата ѝ била зголемена за 230 проценти.

Слична состојба има и во Португалија, каде што цените на недвижностите пораснале за 124 проценти меѓу 2015 и 2024 година.

Во Милано протестите против скапотијата завршија со судири меѓу демонстранти и полицијата, додека во Албанија граѓаните протестираат поради корупцијата, невработеноста и состојбата во образованието.

Властите во некои земји веќе најавија мерки за ублажување на незадоволството, но протестите продолжуваат.

Иако причините се различни, заедни