ПРВ.мк
Свет

ЕТНА ПОВТОРНО ЕРУПТИРА: Огромен облак од пепел се издигна четири километри во небото

ЕТНА ПОВТОРНО ЕРУПТИРА: Огромен облак од пепел се издигна четири километри во небото

Вулканот Етна повторно е активен, откако денеска исфрли голем облак од вулканска пепел кој се издигна на височина од околу четири километри.

Поради зголемената активност на вулканот, италијанскиот Институт за геофизика и вулканологија издаде највисоко ниво на предупредување за воздушниот сообраќај.

Засега, меѓународниот аеродром во Катанија продолжува да работи и авиосообраќајот не е прекинат.

Етна и во претходните недели покажуваше засилена активност. Во текот на август и септември вулканските ерупции во одредени периоди влијаеја врз воздушниот сообраќај, поради што аеродромот во Катанија беше привремено затворан.

Етна, со височина од приближно 3.300 метри, е највисокиот активен вулкан во Европа.