ПРВ.мк
Свет

ПОЖАРИТЕ ЈА КРЕНАА ДРЖАВАТА НА НОЗЕ: Полицијата безмилосно против пироманите - еве колку лица се уапсени!

ПОЖАРИТЕ ЈА КРЕНАА ДРЖАВАТА НА НОЗЕ: Полицијата безмилосно против пироманите - еве колку лица се уапсени!

Француските безбедносни служби привеле 32 лица осомничени дека намерно предизвикале шумски пожари во 22 департмани од почетокот на летната сезона, соопшти министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез.

Апсењата се случуваат во период кога Франција се бори со бројни огнени стихии, предизвикани од екстремно високите температури и продолжената суша, додека пожарникарите секојдневно интервенираат на повеќе локации низ земјата.

„Од почетокот на летото, жандармеријата не е ангажирана само во гаснењето на пожарите и евакуацијата на населението, туку и во спроведување надзор и истраги за нивните причини“, објави Нуњез на социјалната мрежа „Икс“.

Тој посочи дека досега се приведени 32 лица во 22 различни департмани, под сомнение дека намерно ги предизвикале пожарите.

„Ова неприфатливо однесување, кое има катастрофални последици и ги загрозува животите на нашите пожарникари, ќе добие судска разрешница“, нагласи францускиот министер.

Нуњез порача дека властите нема да запрат со акциите и дека секој што намерно ќе предизвика пожар ќе одговара пред законот.

„Ќе продолжиме со решителни мерки и нема да дозволиме ниту еден ваков случај да остане неказнет“, истакна тој.

Во изминатите недели Франција е погодена од серија големи шумски пожари, поттикнати од екстремните горештини и сушните временски услови, а надлежните предупредуваат дека секое намерно подметнување пожар претставува сериозна закана за човечките животи, имотот и животната средина.